Победата од 2-0 над Атлетико Мадрид на Барселона и донесе три бодови, а на Лионел Меси нов рекорд во шпанската Ла лига.

Капитенот на каталонците стигна до 335-та победа и го надмина легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас кој имаше забележано 334 победи во кариерата. На Меси да стигне до 335 победи потребни му беа 447 натпревари, додека Касилјас одиграл 510.

Меси со 33-от погодок сезонава ја потврди победата над „јорганџиите“ која ја најави Луис Суарез. Барселона се одлепи на 11 бодови од Атлетико Мадрид и ќе биде вистинско чудо да не ја освои титулата во Ла лига сезонава.

OhridNews