Аргентинскиот ас Лионел Меси го изедначи рекордот на Бразилецот Пеле, по постигнати погодоци за еден клуб. Синоќа, Меси стрелаше прецизно во ремито 2-2, помеѓу Барселона и Валенсија и стигна до бројката од 643 голови. Пеле идентичен број на голови има постигнато во дресот на бразилскиот Сантош.
Бразилската легенда му честиташе на Меси за достигнувањето, но и за одлуката да остане на Ноу Камп и покрај најавите за заминување.
Кога љубовта ќе го преплави вашето срце, тешко е да го смените патот. Како што знаеш ти, така и јас знам како е да сакаш еден клуб. Исто како тебе знам дека нема подобро место од она каде се чувствуваш како дома. Ти честитам на историскиот успех, Лео. Ти честитам на прекрасната кариера во Барселона. Приказните какви што се нашите, за долгите љубови кон еден клуб стануваат реткост во фудбалот. Ти се восхитувам. – стои во пораката од Пеле.
OhridNews