Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси е задоволен од неговата позиција во Пари Сен-Жермен. Според „L’Équipe“, Аргентинецот веќе се адаптирал во Франција. Напаѓачот е фокусиран на Светското првенство во 2022 година во декември, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви за турнирот.
Како и Нејмар, и Меси не сака да го напушти францускиот клуб. Како што е наведено, на ситуацијата влијае и тоа што ниту еден тим не е подготвен на овие играчи да им исплати иста плата како ПСЖ.
Актуелниот договор на Меси со парижаните истекува во летото 2023 година и вклучува опција за продолжување на договорот за уште една сезона.
OhridNews