Лионел Меси ноќеска постигна хет-трик на пријателскиот натпревар на Аргентина против Курасао одигран во Сантијаго дел Естеро.
Аргентинскиот напаѓач стана третиот играч во историјата кој постигнал најмалку 100 гола за националниот тим. Тој вкупно има 102 погодока во дресот со националниот грб.
Рекордер е португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо со 122 гола, а по него е Али Даеи од Иран со 109 голови.
OhridNews