Аргентинецот Лионел Меси е овогодишен добитник на “Златната топка” која традиционално ја доделува “Франс фудбал” и тоа со рекорден број гласови кои во трката за најдобар играч на “стариот континент” ги доби овој фудбалер на Барселона. Меси доби дури 473 гласа оставајќи го далеку зад себе второпласираниот Кристијано Роналдо минатогодишниот освојувач на ова престижни признание со 233 гласа и третопласираниот клубски колега на Меси, Чави со 170 гласа.
Меси е првиот аргентинец кој ја добил оваа награда од кога во 1995 година новинарите кој учествуваат во анкетата на “Франс фудбал” дозволија да се гласа и за фудбалери кој не се од европско потекло.
Аргентинецот минатата сезона ја предводеше Барселона до трофеј во шпанскиот Кралски Куп, потоа до првото место во Примера каде успеа да биде втор стрелец со 23 гола и што е најважно до титула во Лигата на Шампионите каде беше најдобар стрелец со 9 постигнати голови на 12 одиграни меча.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com