Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси повторно одигра клучна улога во триумфот на Барселона (5-1) над Ваљадолид. Меси постигна два погодоци а додаде уште две интервенции во победата која ја лансираше Барселона на врвот од Ла лига.
Тренерот на каталонците, Ернесто Валверде го испофали Меси после мечот изјавувајќи дека нема зборови да ја опише играта на Аргентинецот.
- Незнам што можам да кажам за Меси. Секогаш знам дека ќе биде тука кога ќе ни биде потребен. Секогаш знае да направи разлика и да биде клучен за нашата екипа. Неговиот талент и учинок не може да се спореди со ништо на овој свет. – рече Валверде.
Меси поради повреда не ја започна сезоната заедно со екипата а како што одминува времето покажува зошто се вбројува помеѓу најдобрите играчи во историјата на фудбалот.
OhridNews