Претседателот на Барселона Хозеп Марија Бартомеу и неговиот одбор поднесоа оставка и ќе го напуштат Ноу Камп, потврди каталонскиот гигант.
Бартомеу се најде под голем притисок поради лошите резултати, недоразбирањата со иконата на клубот Лионел Меси и иницијативата за промена во клупските структури, популарните „Соси“. Меси кога официјално побара трансфер и најави заминување, директно го обвини Бартомеу за слабо работење и менаџирање на тренерите и фудбалерите.
На 15 и 16 ноември во каталонскиот клуб има вондредно собрание на кое треба да се изгласа недоверба на раководството предводено од Бартомеу и да се официјализира оставката. Мандадот на Бартомеу има важност до март следната година, но притисокот е многу голем и ќе дојдат промени во Барселона.
OhridNews