Керен Ролинс поради снегот во неделата не можела да стигне на сопствената венчавка во црквата во селото Дод во англискиот Кент. Додека размислувала дека ќе мора да ја одложи венчавката со Џон Ли, на повик на водителот на локалното радио, мештаните со теренски возила тргнале по невестата и сватовите. Ја извлекле од куќата завеана во снегот и на време ја однеле во црквата.


Останала без зборови и не можела да најде начин да им заблагодари на луѓето за нивната добродушност. Вкупно биле седум или осум автомобили, а дури и бил понуден и трактор со приколка. Еден од доброволците кажал дека бил повикан од еден пријател кој го чул апелот за помош на радио. Бил многу среќен што и помогнал на невестата да стигне на време на својата венчавка.