Во знак на протест против локалните власти, мештаните на Аквакалда, на островот Липар во Тиранското Море, огласиле дека го продаваат своето село. На влезот во селото била поставена огромна табла на која пишувало „Се продава Аквакалда“, а пред секоја куќа пишувало дека истата се продава.


Селаните велат дека се приморани да бегаат од островот, бидејќи никој за нив не водел сметка. Поради високата плима патиштата биле уништени, па до селото не можело да се стигне со никакво превозно средство. Велат дека им останува само да ги продадат своите куќи и да се иселат од островот.