Македонскиот експерт, Злате Клечкароски се воздржа од коментар за причините кои доведоа до трагичниот настан, но рече дека комисијата има одредени индиции што ја предизвикало несреќата. Сепак ќе треба да сочекаме да заврши истрагата па потоа да излеземе со нашиот став, им изjaви на новинарите Клечкароски.
Тој додаде дека комисијата веќе донела одлука потонатиот брод „Илинден“ да се извади од водите на Охридското Езеро, но како што рече, тоа ќе се направи штом временските услови го дозволат тоа.
Поранешниот капетан на Капетанијата на пристаништата во Охрид истакна дека на Комисијата ќе и треба време за да го изготви конечниот извештај, а останатите членови искажаа уверување дека експертизата ќе ги открие причините за трагедијата која однесе 15 животи.