Еден жител на Франција месец дена во паричникот чувал лото ливче, мислејќи дека освоил 5000 евра, но кога отишол во лотаријата дознал дека добил 73 милиони евра. Милионските џекпот, кој е седми по висината освоен во Франција, извлечен бил уште на 2 декември. Среќниот добитник кој уплатил лото преку интернет, едноставно заборавил да ги провери броевите, а кога тоа конечно го сторил, на неговото вообичаено уплатно место му рекле дека неговата добивка надминува 5000 евра и дека треба да се обрати во централата.

 

Раскажал дека доколку се јавел три седмици подоцна немало да добие ништо. За среќа се добро завршило. Кога се појавил во лотаријата го поздравиле со зборовите „Чекавме на вас!“. Објаснил дека никогаш претходно не освоил некоја добивка. Новопечениот милионер додал дека играл со надеж дека еден ден ќе освои некоја помала сума.