Месечната станарина за луксузна гарсоњера за студенти во престижниот лондонски кварт Мејфер достигна неверојатни 28 илјади евра. Како што пишува францускиот весник Фигаро, наемот на луксузно сместување за студенти во Лондон се движи од 12 па се до 28 илјади евра. Најскапо издадениот студентски стан во Лондон со поглед на Хајд парк се наоѓа во престижниот крај на британската престолнина Мејфер.

 

Издаден е на 19-годишен студент од Калифорнија. Станот е свежо реновиран и поседува простран салон, кујна, тоалет и спална соба. Наместен е во ренесансен стил, пренесува францускиот весник. Овие раскошни студентски гарсоњери во главниот град на Велика Британиј со децении биле издавани како луксузен канцелариски простор.