Месечината во сабота, на 5-ти мај 2012 година, ќе стане поголема, гледано од перспектива на  Земјата. Научниците оваа појава ја нарекуваат „Супермесечина“ и истата се јавува затоа што месечината ќе помине поблиску до Земјата отколку што тоа  вообичаено се движи и ќе предизвика 42% поголема плима.

 Поради близината до Земјата ќе ни изгледа дека Месечината е поголема и посветла,  поточно ќе биде 14% поголема и 30% посветла отколку било која полна Месечина во текот на 2012 година.

Ова се случува од едноставна причина бидејќи Месечевата орбита не претставува совршен круг.  Научниците  велат дека доколку сакате да ја видите „Супермесечината“ во полна сила, треба да ја побарата  веднаш по нејзиното појавување или пред заоѓање, кога е поблиску до хоризонтот.

Ваква појава последен пат имавме можност да видиме минатата година на 19 март. Според научниците, на 28 ноември годинава , Месечината ќе биде најодалечена од Земјата, а нејзиното одалечување се нарекува апогеј.

OhridNews