Месечината е изложена голем дожд од вселенски камења што неговата површина на секои 81 илјада години целосно го променува изгледот, заклучуваат научниците врз основа на податоците што ги собира американската вселенска агенција NASA, се наведува во студијата објавена во списанието Nature, пренесува „Макфакс“.
Промените, коишто ги зафаќаат првите два сантиметра од површината на Месечината, се случуваат сто пати почесто отколку што досега сметаа научниците.
Во својата најнова студија, научниците, исто така, проценуваат дека астероидите и кометите кои падаат на единствениот природен сателит на Земјата во просек на годишно ниво создаваат околу 180 нови кратери со дијаметар од најмалку десет метри.
Ова откритие е резултат на фотографиите коишто ги сними сондата „Lunar Reconnaissance“, којашто ја мапира Месечината од 2009 година.
Споредувајќи ги фотографиите од истите подрачја во редовни интервали, групата научници предводена од Емерсон Спејерер од универзитетот во Аризона била во можност да изброи нови кратери и да ја истражи површината на месечината.
„Детектиравме 33 отсто повеќе кратери со дијаметар од најмалку 10 метри во однос на оние што ги предвидуваше минатиот модел“, вели Спејерер
Научниците забележале и илјадници помали промени на површината кои ги опишуваат како „лузни“ од помалите удари, оние кои не создаваат кратери.
И Земјата е секојдневно заплисната од дожд од астероиди и метеори, но планетата е заштитена со густата атмосфера. Дури и вселенско летало со дијаметар од 25 метри би согорело и би се дезинтегрирало во атмосферата на Земјата без да предизвика каква и да е штета.
OhridNews
извор: „Макфакс“