Швајцарскиот бизнисмен Уели Анликер го продавал својот супер автомобил за дури осум милиони евра. Тим од 35 работници и дури 30 илјади часа биде потрошени на средувањето на автомобилот со црвена и златна боја, а потрошиле околу четири милиони евра. Бизнисменот по преуредувањето автомобилот го нарекол „Anliker McLaren SLR Red Gold Dream“.

Објаснил дека работниците грижливо автомобилот го префарбале во црвена боја 25 пати и дека неголку пати го просеале со златна прашина. Тркалата на автомобилот биле прекриени со 24-каратно злато, баш како и предните светла. Внатрешноста на овој скапоцен автомобил била целосно прекриена со злато, од воланот па се до менувачот, а командната плоча била украсена со скапоцени камења. Во автомобилот имало повеќе од 600 рубини во вредност од околу 2,3 милиони евра. Интересно е и тоа што може да достигне брзина од 340 километри на час. Автомобилот во оригинал бил Мерцедес, а откако Анликер го дотерал, станал најскапиот во понудата на пазарот.