Податоците од мерните станици во Охрид  покажуваат загадување на воздухот. Синоќа од мерната станица кај ОУ „Братство Единство“ е регистрирано високо присуство од 242.01mg/M3 на PM10 честички кои се штетни по здравјето на луѓето.

Од мерната станица кај  Гимназија е регистрирано пониско присуство на PM10 честички, односно 166.09 mg/M3.

И утринските мерења покажуваат зголемено загадување на места во Охрид. Најголемо е во Видобишта, 90,5 mg/M3 (PM 10).

Нешто пониски вредности на ПМ 10 честички измерени се кај Гимназија и во населбата Христо Узунов, но и таму се над нормалата.

Нивото на загаденост кај Гимназија и во населбата Христо Узунов

Најчист воздухот утрово е во Стариот дел на Охрид, каде нема загадување.

Апликацијата пак Air Care покажува загаденост на воздухот според мерењата од од мерната станица „Мирче Ацев“.Синоќешните податоци според апликацијата покажуваат присуство од 84 mg/M3 на PM 10 честички.

Според статистичките податоци од апликацијата загаденост на воздухот се забележува и во изминатото деноноќие. Високо присуство на PM 10 честички е забележано и од мерната станица „Мирче Ацев“ кога нивото на PM 10 честички беше 166 mg/M3.

Утврдената граничната вредност во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, на PM 10 честички во воздухот изнесува 50 μg/m3.

 

К.А./Г.М.