Мерните станици во Охрид вечерва покажуваат загадување на воздухот и зголемена концентрација на штетните ПМ 10 честички. Вечерва највисоко присуство на PM 10 честички е регистрирано од мерната станица кај Христо Узунов или 1247.74mg/M3 што е многу над утврдената граничната вредност во Уредбата за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух на PM 10 честички која изнесува 50 μg/m3.
Високо присуство на ПМ 10 честички покажува и мерната станица кај Општина Охрид, односно регистрирани се 226.33 ПМ 10 mg/M3.
Мерната станица кај ОЕУМЦ „Св. Наум Охридски “ покажува присуство на 166.53 mg/M3 PM10 честички во воздухот.
За неколку единици пониско, но сепак високо загадување, вечерва регистрира и мерната станица кај О.У. „Братство Единство“ . Податоците од оваа мерна станица регистрирале 150.64 mg/M3 PM10 честички во воздухот.
Пониско загадување е регистрирано од мерната станица кај Ј.П. Нискоградба, од каде податоците велат дека присуството на PM 10 честички во воздухот изнесува 88.84 mg/M3.
Не толку висока загаденост на воздухот покажуваат податоците и од мерната станица кај Ц.О.У. „Св.Климент Охридски“ каде нивото на PM 10 честички во воздухот изнесува 65.35 mg/M3.
Минимално загадување е забележано од мерната станица кај Ј.П. Охридски Комуналец. Податоците од овде велат дека нивото на PM 10 честички во воздухот е изнесува 35.77 mg/M3.
К.А.