Познатата актерка Мерлин Монро, од чија смрт минаа 51 година, постхумно била избрана за заштитно лице на рекламната кампања на модната куќа „Шанел“. Како што пренесува британскиот „Вог“, челниците на модната куќа веројатно се одлучиле да ја стават Монро во рекламата, бидејќи своевремено рекла, запрашана што носи во својот кревет, само неколку капки „Шанел 5“.

Исто така модната куќа пронашла и снимка на актерката како ги изговара овие зборови. Телевизиската реклама и онаа која ќе се најде во списанијата ќе биде претставена оваа есен. „Шанел 5“ прв пат во јавноста бил претставен во 1921 година.