Филмската божица Мерлин Монро била прогласена за славна личност ос наубави гради на сите времиња. Повеќе од 50 години по нејзината смрт, холивудската икона добила најмногу гласови и од мажите и од жените. Дека имала најдобро тело на сите времиња сметаат 40 проценти од испитаниците. Меѓу првите пет се нашле уште и Ракел Велч, Софија Лорен и Џејн Мансфилд. Единствена современа личност која се нашла меѓу првите пет е Кели Брук и тоа на второто место.
да потсетиме, Мерлин Монро била икона на 20 век, а нејзината трагична и ненадејна смрт ја претворила во легенда, поради што многу ѕвезди се жалат, но ниту денес не можат да се споредат со неа. Таа растела како сираче во домови, а на 16 години се омажила како повеќе не би морала да се враќа во дом. Имено, нејзината мајка била душевно болна, а таткото никогаш не го запознала. Откако се омажила го напуштила средното училиште и се запослила во фабрика за авиони. Во една прилика била снимена од еден фотограф која ја поттикнал да бара работа како модел Тоа многу брзо ја донело до договор за филм во Холивуд.