Иако минаа скоро 50 години од нејзината смрт, животот на Мерлин Монро и понатаму е актуелна тема за светските таблоиди. Неодамна се појавиле тврдења дека последната ноќ од животот ја минала со мафијашот Сем Данкан, кој бил нејзин љубовник, а кој се обидел да ја убеди да не зборува за нејзината врска со Џон Кенеди. Ова тврдење пред 13 години го изнел нејзиниот стилист Џорџ Мастерс, а неговиот внук дури сега ја објавил снимката.

Џорџ тврдел дека последен пат ја видел кога заминала за Невада, каде била со Сем кој во тоа време бил на чело на мафијата. Таа наводни била вљубена во него, а ги споил Френк Синатра.

Досега не се зборувало за последната ноќ на убавицата, а доколку овие тврдења се точни, тоа ќе фрли сосема ново светло на случајот за самоубиство.