Некогашната секс бомба Мерлин Монро е прогласена за најсексипилна актерка на сите времиња во анкетата на мрежата на американската филмска индустрија. Звездата на филмовите „Некои тоа го сакаат жешко“ и „Мажите повеќе сакаат плавуши“ освоила 80 илјади гласови во анкетата во која се избирала холивудска секс бомба.
Монро, која починала на 36 години, ја следат припадничките на новата генерација Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон. Кетрин Зита Џонс и Селма Хајек. Во првите десет се пласирале уште и Џесика Алба, Ракел Велч, Елизабет Тејлор, Хали Бери и Меган Фокс.