Контраверзните рокери Мерлин Менсон и Кортни Лав се заштитни лица на новата кампања на брендот Ив Сен Лоран за следната есен-зима колекција. Кампањата ја работел славниот креативен директор Хеди Слиман. Тој е познат по соработките со славните музичари како што се Мик Џегер и Дејвид Боуви.
Кога фотографиите се појавиле во јавност како реклама за брендот, Кортни на својот фејсбук профил прокоментирала дека Марк Џејкобс не знае да си ја работи работата, но дека Хеди тоа го знае. На кампањата исто така се придружиле и музичарите Ким Гордон и Ариел Пинк.