Контраверзниот музичар Мерлин Менсон ретко кога во јавноста се појавува без шминка, па неговата последна фотографија, на која ја нема препознатливата „маска“, изненадила многумина. На сетот на омилената серија  „Eastbound & Down“, Менсон позирал без шминка и со посветла коса.

Поради снимањето морал да се откаже од својот препознатлив имиџ. Со години се обидувал да добие улога во серијата, и сега конечно желбата му се остварила. Тој ќе се појави во четвртата сезона од оваа серија.