Во духот на соработката помеѓу Струга и Република Косово, градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко беше во посета на Генералниот Конзул на Република Косово, г. Агим Красниќи во просториите на Косовскиот Конзулат во Струга. Во фокусот на средбата биле проектите кои се очекува да се реализираат во иднина и продлабочување на соработката, информираат од Општина Струга.
Соработката меѓу Струга и Република Косово има долга историја, во духот на оваа соработка се очекува да се реализираат низа проекти и збратимување помеѓу повеќе општини и основни и средни училишта. Се разговараше и за одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и посветеноста на институциите да ги разгледаат и реализираат нивните барања, информираа од Општина Струга.
Од страна на струшкиот градоначалник, била понудена соработка и поддршка во сите наведени теми за кои се разговарало денес.
OhridNews