Последниве два дена го зголемивме интензитетот на работите за подобрување на патната инфраструктура, вели градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко.
Со асфалтирањето на улиците кои водат до основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга имаме за цел да ја зголемиме безбедноста на учениците, но и да им го олесниме пристапот на родителите на овие ученици при испраќање и приземањето од училиште, во секој момент од денот. Од друга страна, ваквото асфалтирање ќе овозможи растоварување на патниот сообраќај, бидејќи ќе постане послободно движењето и за пешаците и за возилата, од две или три улици и улички во таа насока во тој дел на градот, посочува Мерко.
Имплементацијата, додава, особено на овој тип на проекти, е приоритет, што се докажува и со работа после редовно работно време попладне, по зајдисонце.
OhridNews