Министерството за транспорт и врски преку струшкиот правобранител покрена судска постапка за раскинување на договорот што мината влада го склучи со локалната самоуправа за долготраен закуп на плажите во подрачјето на општина Струга.
Даден ни е е рок од 30 дена да се изјасниме. Ние ќе предложиме судскиот процес да продолжи а ќе доставиме целосна документација како аргументација дека договорорт сме го добиле законски и дека сме се придржувале на договорот во целост, ни изјави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
не ги дава плажите-Рамиз Мерко
Струшката локална самоуправа одбива доброволно да го раскине договорот со образложение дека врз основа на него таа во уредувањето на градските плажи досега има вложено околу 2 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните на Струга и ние не можеме да се откажеме од нив, вели Мерко. Тој смета дека аргументите се на страна на општината и дека таа ќе го добие судскиот процес.
Г.М.