Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е нов претседавач на Еврорегионот Охрид-Преспа. Тој функцијата ја презеде од охридскиот градоначалник Александар Петрески кој беше на чело на Еврорегионот во изминатите 6 месеци.
Петрески го отстапи претседателското место на Мерко
Примопредавањето на должноста беше направено на работниот состанок на македонските општини, членки на Еврорегионот, што викендов се одржа во Охрид. На состанокот се разговарало за реализација на програмата, како и за идните активности на Еврорегионот во кој членуваат уште и општини од Албанија и Грција
ohridnews