Со народна веселба  во Горна Белица вчера свечено беше пуштена во употреба ново изградената џамија, која, како што тврдат дел од сопствениците на викенд куќите во селото,  е изградена бесправно.

Се играше оро и се пукаше од огнено оружје, што според незадоволните граѓани претставува класична демонстрација на сила. Славјето го предводеше лично градоначалникот на Струга, кого го придружуваа членовите на струшкото муфтивство. За сите нив ирелевантен е ставот на Министерството за транспорт и врски кое донесе одлука на Општина Струга временио да и бидат одземени ингеренциите по предметот кој се однесува на изградбата на џамијата во Белица.

Публицитет на локалната забава и дадоа неколку национални медиуми, кои ја афирмираа спорната градба во Горна Белица.

OhridNews