На повикот за помош на настраданите во големата експлозија што изминатиот викенд се случи на 12 километри од албанскиот главен град Тирана кај Грдец се одзва и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој  ја предводеше групата граѓани од Струга кои отпатуваа во албанскиот пограничен град Елбасан каде даруваа крв на еден од пунктовите.


хуманост на дело-Рамиз Мерко

„Трагичната  експлозија што се случи во Грдец,  и апелот што беше упатен од медицинските екипи од Албанија, беа предизвик за човечка хуманост, солидарност и помош, изјави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, по дарувањето на драгоцената течност. Во овие тешки моменти кога има многу човечки жртви, со дарување крв сакавме симболично да покажеме  солидарност  со нашите соседи, рече Мерко. Тој на  семејствата на настраданите  им изрази  искрено сочувство, а на повредените и поска   брзо оздравување.


стружани се одзваа на повиците за помош на настраданите во Албанија

Во акцијата учество зедоа и Џемал  Арслани од хуманитарната организација “Ел Хилал”, инаку долгогодишен дарител на крв, и боксерот Наси Хани, кандидат за ОИ 2008: “Во името на сите спортисти од Македонија, сакав да пренесам искрени сочуства за оваа голема трагедија и да помогнам. Ме очекува квалификационен турнир за ОИ во Пекинг, од 7-14 април во Атина, но сметам дека дарувањето крв во ваквите ситуацији, е олимписка должност.


боксер со хумано срце-Наси Хани

Благодарност на стружани им изрази Љазим Сејдини-председател на Околија  Елбасан. “Со овој чин, Струга покажа силно чувство на хуманост, солидарност, сочуство и  племенитост“, рече Сејдини.


Елбасан и се заблагодари на Струга

Инаку, билансот на настраданите во големата експлозија во стариот магацин за оружје кај Грдец се искачи на 11, но се стравува дека конечната бројка ќе биде многу поголема. Во несреќата повредени се околу 300 лица.

ohridnews