Под посебни мерки и протоколи согласно насоките на Комисијата за заразни болести, со подготвени мапи за старт и финиш зоните од 28 до 30 авгутс по четврти пат низ охридските улици ќе се одржи Атлетската манифестација Охрид трчаТ.

Заедно мораме да ги почитуваме и да се придржуваме кон мерките, протоколите и насоките за да бидеме одговорни пред себе и посебно пред сите други, – велат од Охрид трчаТ.

Од таму додаваат, дека на сите учесници ќе им биде испратен офијален протокол по кој ќе мора да се придржуваат пред и после трката. Пред влезот за старт на главниот настан ќе биде направен термален скрининг.

Годинава, програмата и понудата на Охрид трчаТ е збогатена со полумаратон на 21 километар, каде што има уште слободни места, додека рекреативната 5-километарска трка е пополента и нема место за нови пријави.

OhridNews