При престој на отворен простор во овој период, правете почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце. Ова се дел од препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје за намалување на ризиците од директна изложеност на сонце и од високите летни температури.

Мерки за заштита од високите температури:

1. Да се избегнуваат какви било напорни активности (вклучувајќи спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот – од доцна наутро до доцна попладне).
 
2. Да се внесува помало количество храна, посебно помалку мрсна храна, а да се внесува поголемо количество течности, пред се вода за пиење.

3. Да се избегнуваат алкохолните пијалаци, посебно пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци или консумирање на поголеми количини шеќери.

4. При неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори  под сенка и да се избегнува директен престој на сонце.

5. При привремено излегување од возилото  во овие услови, треба да го отворите прозорецот и да овозможите вентилација – целосно затворените возила стануваат многу жешки – и не оставајте никого во возилото.
 
6. Посебно внимание на своето здравје треба да посветат хроничните болни и редовно да ја земаат медикаментозна терапија, посебно дисциплинирани по однос на овие препораки треба да бидат хроничните болни, посебно оние со болести на срцевосадовиот систем, невролошките и белодробните боолести. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултитрате својот матичен доктор.

 7. Проверувајте и почесто во денот интересирајте се за  здравјето и на децата и на старите во вашето семејство   

Препораки за заштита од УВ зрачењето:
 
-Избегнување на сончање во периодот од 12-16 часот, а задолжителна заштита од УВ зраците со носење капа, очила за сонце, користење креми за сончање со висок заштитен фактор над 30  и носење на лесна , светла и удобна облека.  

Препораки за заштита од други можни ризици по здравјето во услови на високи темепратури, како што се труењата со храна и појавата на цревни заразни заболувања :

– Задолжително миење на земјоделските – градинарски прозиводи ( свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.

– Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.

– Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

OhridNews