Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни за забрана на целосно покривање на лицето, секаде каде тоа би било законски возможно, пренесуваат германски медиуми. Таа нагласи дека „целосно прекривање на лицето не е прикладно во Германија“.
„Кај нас важи правилото дека лицето треба да се покаже, и со самото тоа, потполното прекривање не е примерно и треба да се забрани секаде кај што е законски можно,“ изјави Меркел денес на заседанието на ЦДУ во Есен, на големо одушевување на околу 1,000 делегати. Така, ЦДУ ќе забрани носење бурка во судовите, во тек на полициски контроли и во сообраќај.
Сепак, за да не дојде до забуна, канцеларката не предложи забрана на буркини (вид костим за капење) кои ова лето станаа многу популарни на плажите во Европа, ниту носење на вел и хиџаб, туку исклучиво муслиманска марама која го прекрива целото лице како што е бурката (фереџе) или никаб.
Истовремено, канцеларката остро ја критикуваше агресивноста како и пораките на омраза на интернет.
OhridNews