Германската канцеларка Ангела меркел во неделаната видео порака до германската јавност, која се објавува на нејзината интернет страница, вели дека, според нејзино мислење, на Европа ќе и бидат потребни најмалку десет години за финансиски да заздрави и да излезе од должничката криза, пренесува „Макфакс“.

„Процесот на решавање на должничката криза е пат кој бара могу напори и по кој ќе се движиме чекор по чекор“, вели германската канцеларка во своето обраќање по самитот на Г20 во Кан, Франција, кој беше главно посветен на должничката криза во Европа.

Должничката криза нема одеднаш да мине. Сигурно ќе ни требаат најмалку десет години за повторно да си ги вратиме добрите позиции. Сите во Европа мора да вложат максимални напори и да си ги исполнат своите задачи“, додава таа, истакнувајќи ја итната потреба сите земји во еврозоната да ја ограничат својата задолженост.

OhridNews
извор: „Макфакс“