Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска апелираа за заеднички одговор од Европската унија на најлошата бегалска криза што ја погоди Европа по Втората светска војна

-Мораме да создадеме единствен систем за право на азил, истакна Оланд, додавајќи дека приливот на бегалци од кризните зони во светот е исклучителна ситуација која ќе потрае некое време.

Меркел наведе дека Германија очекува од сите земји-членки на ЕУ што побрзо да се согласат со постоечката политика кон бегалците. Таа ги осуди насилните протести против бегалците во Хајдена за време на викендот.

– По страшните слики од Хајдена во Саксонија, сакам да кажам дека силно го осудувам насилството што таму се случи и дека атмосферата на расизам што ја видовме е неприфатлива. Одбојно е да се види како десничарските екстремисти и неонацисти ја изразуваат својата омраза. Но, подеднакво е срамно да се види како германски граѓани, дури и семејстава со деца тоа го поддржуваат, марширајќи со нив. Можам само да повторам дека Германија е земја кој го почитува достоинството на секој поединец, истакна Меркел.

OhridNews

Извор: „Нова Македонија“