Германската канцеларка Ангела Меркел од Демохристијанската партија изјави вечерва во предизборната ТВ дебата со противкандидатот Мартин Шулц, од  редовите на социјалдемократите,  дека Турција не треба да влезе во ЕУ и таа ќе побара од Унијата  да ги прекине преговорите за членство со Анкара.

“Не гледам дека тие (Турците) некогаш ќе можат да се приклучат на ЕУ и никогаш не верував дека ќе се случи тоа”, рече Меркел, додавајќи дека  ќе разговара со своите колеги во ЕУ да се постигне единствен став за завршување на преговорите за членство на Турција .