Германија и другите земји од Европската унија предолго го игнорираа јакнењето на бегалската криза на надворешните граници на Унијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју коешто ќе биде објавено денес.

„… Во Германија предолго го игнориравме тој проблем и ја блокиравме потребата за пронаоѓање паневропско решение“, вели германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел, која е соочена со остри критики во Германија поради усвојувањето на политиките на отворени врати за бегалците и имигрантите пред една година што резултираше со влегување на над милион баратели на азил само во текот на минатата 2015 година, исто така, вели за Sueddutsche Zeitung дека Германија и Европската унија мора да бидат трпеливи и истрајни во соочувањето со миграцијата на луѓето во Европа.

Таа ова го коментираше во невообичаено самокритична анализа којашто временски се совпаѓа со годишнината од нејзината позната изјава „Ние тоа го можеме“ со којашто ја промовираше својата политика на добредојде кон барателите на азили, потсетува Reuters. Вели дека Германија, којашто прими огромно мнозинство од бегалците од Блискиот исток и од Азија кои дојдоа на европскиот континент, ги пуштиле Шпанија и другите земји на надворешните граници на Европската унија, самите да го решаваат прашањето на бегалците. „Тогаш, исто така, ја одбивме пропорционалната распределба на бегалците“, вели Меркел.

„Нему пристапивме на проблемот на соодветен начин“, вели германската канцеларка додавајќи дека тоа се однесува и на заштитата на надворешните граници на Шенгенската зона.

Меркел во продолжение предупредува и дека не смее да се изедначуваат сите имигранти со терористите.

OhridNews
извор Макфакс