Оскаровката Мерил Стрип ќе биде претседател на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, а кој ќе биде одржан во месец февруари следната година. Организаторите на фестивалот денес соопштија дека 66-годишната славна актерка прв пат во својата богата кариера ќе претседава со жирито на еден филмски фестивал.

 

Стрип во соопштението наведува дека чувствува голема одговорност бидејќи никогаш досега на претседавала со било што, и нагласила дека е многу благодарна на укажаната чест. Фестивалот во Берлин во 2012 година на Стрип и ја додели наградата за животно дели. Берлинале 2016 ќе биде одржано од 11 до 21 февруари. Засега не се знае кој покрај Мерил ќе биде во живрито на фестивалот.