Во музеј куќата на Робевци, синоќа беше отворена самостојната изложба на охридскиот фотограф Зоран Велјаноски-Летра. Изложбата носи наслов „Мерач на времето“ и во неа се поместени фотографии на Зоран Летра кои се тесно поврзани со градот во кој тој твори и живее.
Изложбата на која се поместени 50-на фотографии на Зоран Велјаноски-Летра ја отвори д-р Лазе Коњаноски од фото клубот Охрид. На изложбата на Зоран Летра во куќата на Робевци присуствуваа голем број вљубеници во фотографијата и официјални гости.
Ohridnews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com