Една продавница во Детроит на сиромавите граѓани им давала алкохол, вијагра и порнографија во замена за бончиња за храна. Обвинителството оваа седмица подигнало тужба против тројца вработени во продавницата.


Од картичките кои ги добивале сиромашните граѓани за да можат да си набават храна, продавницата задржувала одреден износ, и не им давала храна туку намирници кои не се на пописот од оние кои ги субвенцира државата. Вработените на граѓаните им давале и пари, а за тоа си задржувале провизија. Продавницата веднаш била затворена.