Еден човек од кинескиот град Хангзоу се обидува да замени две кучиња за BMW, за кое рекол дека му е потребно како би ја возел својата сопруга. Господинот Пан, 61-годишен кинез, кој одгледува кучиња 17 години, нуди два мастифа, златен и црн, кои тежат 80 и 92 килограми.
Пан изнајмил објект во кој одгледувал кучиња, а некогаш ги имал стотина. Рекол дека неговата сопруга болува од рак. Тој поради тоа сака да ги замени своите два мастифа за BMW или некој друг автомобил како би можел да ја вози сопругата во нејзиниот роден град и на други места. Се надевал дека поради патувањето на неговата сопруга може да и биде подобро.