Во Детроит се продава трособна куќа во вредност на последниот модел на Ајфон. Еден од очајните сопственици на куќи во Детроит кој веќе со месеци не успева да ја продаде куќата по почетна цена од 5000 долари, одлучил да ја понуди во замена за последниот модел на Ајфон од Ејпл, пренеле медиумите. Агентот ангажиран да ја продаде куќата тврди дека добил веќе четири понуди, а најверојатно ќе му припадне на купувач кој веќе живее во тој кварт по вена од 750 долари. Куќите во овој регион се однообразни. Моментално на продажба се ставени стотина од нив.

Продавачите на куќите се спремни на се како би се ослободиле од своите нрепрофитабилни недвижнини. Сопственик на куќа чија вредност е проценета на 20 илјади долари, се согласил да ја отстапи во замена за автомобил произведен во 1994 година. Бројот на празни куќи во Детроит во последниве години се зголемува како директна последица од непривлечноста на овој американски регион и заминувањето на жителите. Градот претрпел сериозни последици од кризата во автомобилската индустрија. Бројот на жители е намален за една третина од почетокот на кризата поради гасењето на фабриките за автомобили. Градот