Паралелно со натпреварите на Европското првенство, главна атракција е менувањето шишиња кога фудбалерите доаѓаат на средбата со медиумите.

Се почна кога Кристијано Роналдо ги тргна шишињата од „Кока Кола“ и стави вода. Неговиот пример го следеа Пол Погба кој тргна шише пиво „Хајнекен“ и Мануел Локатели кој исто така тргна шише „Кока Кола“ од масата.

Рускиот селектор Станислас Черчешов, пак, на пресконференцијата после мечот со Финска отвори шише „Кока Кола“. Вчера, украинскиот репрезентативец Андреј Јармоленко позираше со „Кока Кола“ и „Хајнекен“ после триумфот над Македонија.

УЕФА ги опомена фудбалерите да не им прават анти-реклама на спонзорите, бидејќи без нив Европското првенство во фудбал нема да биде на нивото на кое сме навикнати да го гледаме.

OhridNews