Деветнаесетгодишниот чешки тенисер Јакуб Меншик го освои мастерсот во Мајами откако во финалето одиграно рано утрово по европско време го совлада најдобриот играч на сите времиња и негов идол Новак Ѓоковиќ. Меншик славеше во два сета кои беа решени во тај-брејк.
Младиот Чех прикажа извонреден тенис. Нијанси го решаваа мечот, а во клучните моменти Меншик демонстрираше извонредна стабилност и цврстина.
Proper respect 🙏@mensik_jakub_ & @DjokerNole show us what it’s all about.#MiamiOpen pic.twitter.com/tMlUvgmvkl
— Tennis TV (@TennisTV) March 31, 2025
По мечот Меншик му се поклони и извини на Ѓоковиќ покажувајќи голем респект за противникот кој играше за 100-та титула во кариерата на што ќе мора да причека следна прилика. Тој откри дека постоеле шанси да се откаже од настап на турнирот поради повреда на коленото, но сплет на околности и добриот физиотерапевтски третман го вратиле на теренот каде стигна до првата титула во кариерата.
Г.М.