Шаховскиот ФИДЕ-мајстор и актуелен селектор на женската репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски е избран за спортист на Струга за 2008 година.

Второто место му припадна на Хани Наси (бокс), третото на М. Ристеска (ракомет) по што следуваат Б. Тасевски (ракомет), Е. Лушо (едрење), А. Јаулеска/ А. Негреска (веслање), З.Наумоски (куглање), С. Јаковлески (пинг понг), Г. Затуроски (кајак), А. Угриноска (карате)

За најдобар спортски колектив е прогласена женската ракометната екипа на ФОН универзитет, најдобар спортист од Струга кој настапува надвор од градот, е ракометарот Наумче Мојсоски, најдобар тренер е Влатко Паноски (ФОН универзитет). Наградата за најдобри спортски работници им припадна на Фиат Цаноски (ракомет ФОН) и на Г.Чакарески (куглање)

ohridnews