Екипата на Борусија Менхенгладбах се погрижи за спектакуларен вовед во 15-та рунда од Бундес лигата, совладувајќи го минхенски Баерн со пресврт 3-2.
„Баварците“ фаворитската улога ја оправдаа во првата третина, кога со головите на Роберт Левандовски и Леон Горецка поведоа со 2-0. Сепак, домаќините со фуриозен финиш на првиот дел на „Борусија Парк“ се вратија во игра, постигнувајќи два погодоци. Двоен стрелец беше Џонс Хофман. На стартот од второто полувреме, домашните фудбалери поведоа со голот на Флорија Нојхаус и успеаја да го задржат до крај за сензационален триумф над германскиот и европскиот првак.
Од поразот на Баерн Минхен може да профитира Лајпциг, кој ако победи во дербито со Борусија Дортмунд може да се искачи на врвот од табелата.
OhridNews