Судот во англискиот град Честер го прогласи денеска францускиот фудбалер Бенџамин Менди за невин за шест силувања и еден сексуален напад, но нему повторно ќе му се суди по две обвиненија за силување и обид за силување, откако поротниците не донесоа пресуда.

На крајот од двонеделниот процес во судот во Честер, 28-годишниот Менди беше ослободен од обвиненијата за шест силувања и еден сексуален напад врз вкупно четири жени. Меѓутоа, поротниците не донесоа пресуда по седмото обвинение за силување и обид за силување, за што на Менди повторно ќе му се суди на 26 мај.

На поранешниот француски репрезентативец, кого неговиот клуб Манчестер сити го суспендираше во август 2021 година, му се закануваше казна доживотен затвор, откако обвинителството го обвини за седум силувања, обид за силување и сексуален напад врз жени во неговата вила, вредна шест милиони евра, во областа Чешир.

Второобвинетиот Луис Саха Матури, кој не во роднински врски со поранешниот фудбалер Луис Саха, е прогласен за невин по три обвиненија за силување, а судската порота не донесе пресуда за три други обвиненија за силување и три за сексуален напад.

OhridNews