Напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио може да го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Хорхе Мендеш, агентот на 26-годишниот Шпанец, ќе разговара за новиот договор на неговиот клиент во наредните денови, изјави Романо.

Асенсио сака да остане во мадридскиот клуб, но тоа ќе зависи од финансиската понуда. Во тековната сезона Асенсио забележа 38 настапи во сите натпреварувања и постигна 11 голови.

Неговиот актуелен договор е до летото 2023 година.

OhridNews