„Во врска со трагичниот инцидент во раните утрински часови на 27.08.2010 година во кој животот го загуби држајанинот на Република Србија Дејан Новаковиќ менаџерскиот тим и вработените изразуваат длабоко жалење и искрено длабоко сочуство до семејството, пријателите и граѓаните на Република Србија.
Истовремено сакаме да ја информираме јавноста дека немилиот настан не се случи во Ноќниот клуб КУБА ЛИБРЕ (ХАВАНА), ниту еден од вработените не инволвиран на било каков начин и не придонел за фаталниот епилог, и секогаш ги превземаме сите потребни мерки за безбедноста на сите гости подеднакво во сите наши објекти.
Ја изразуваме нашата подгвотвеност за целосна соработка со сите надлежни институции со цел да се дознае целата вистина“-стои во дописот до медиумите испратен од Друштво за трговија и услуги „МОСТРОВ ДООЕЛ“ Охрид.