За осумнаесеттиот роденден тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер од својот менаџер добил куќа и автомобил. Менаџерот Скутер Браун го изненадил Бибер додека тој гостувал во емисијата кај Елен Деџенерис.


Бибер го добил луксузниот имот со куќа на Холивуд Хилс во кој претходно живеел Ештон Качер. Покрај куќата добил и скап спортски автомобил.