– Благодарен му сум на клубот што ќе ми го подари овој натпревар. Ќе биде емоционална вечер затоа што уште еднаш ќе го носам црвениот дрес – истакна Гери Невил.
Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил целата фудбалска кариера ја помина во “црвените ѓаволи“ забележувајќи 602 настапи и освојувајќи све на клупски план. Започна во 1992 година како младинец а потоа беше незаменлив на десната бековска позиција.